Една од најпознатите турски актерки за која беше објавено дека е исчезната по земјотресот во Турција е жива, а тоа го потврди една видео снимка која се појави на социјалните мрежи.
Домот на Џансу Дере се наоѓа во епицентарот на земјотресот, а тамошен новинар објавил дека таа последните денови им помага на своите сограѓани.
View this post on Instagram
Откако многу светски медиуми објавија дека една од најпопуларните актерки која македонската јавност ја знае од повеќе улоги во серии кои се прикажуваа кај нас исчезнала по разорните земјотреси, многумина почнале да ја бараат.
За среќа, Џансу, заедно со некои други колеги, како што наведуваат медиумите во Турција заборави на славата и целосно се посвети на помагање на луѓето кои ги изгубија најблиските и кои сега немаат ништо.
фото; Инстаграм принтскрин/nurmagazins/cansudere