За ТВ водителката Јелена Спенџарска, социјалната мрежа Инстаграм не е платформа каде се објавуваат само фотографии, а за неа како да премина во пракса да споделува и се’ она што ќе и помине низ главата.
Нејзината прва објава во Новата 2020 година, како што пишува, е направена пред спиење, момент кога веројатно е најинспирирана да ги сподели своите видувања за себе, луѓето и генерално опкружувањето.
За старт на 2020, таа вели дека некои луѓе едноставно се хранат со љубмора кон другиот и не можат да излезат од „балонот“ на својата завидливост.
-Понекогаш љубомората не е од тоа колку повеќе си материјално богат. Луѓето ти завидуваат како и колку те сакаат другите и како ти покажуваат љубов. Луѓето ти завидуваат како ти се носиш со ситуации во кои тие најверојатно би изгореле. Тие мислеле дека нешто ќе те скрши, а тебе те направило посилен. Тие не можат да поднесат дека тебе главата постојано ти гордо исправена. Луѓето ти завидуваат на твојата интелигенција и како едноставно правиш работите да се случуваат. Како лесно ги надминуваш проблемите во кои тие уште се гушат… Пишува Јелена за фотографија на која позира на кејот на Вардар.
Инаку, изминатата 2019 година за Спенџарска беше доста активна на работно поле, а следбениците на социјалните мрежи ги „бомбардираше“ со објави за се’ она што го искуси, а тоа пак и донесе повеќе работа и како инфлуенсерка. Сепак, за неа најубавото нешто кое го доби во изминатата е внуката Љубљана за која вели дека станала нејзиниот свет.