Радио Милева
мала забава, голема љубов

„Засекогаш“: Кристина Димитри го прослави 6-тиот роденденот на синчето Давид… Даниел Кајмаковски повторно не се појави?! (фото)

„Засекогаш“: Кристина Димитри го прослави 6-тиот роденденот на синчето Давид… Даниел Кајмаковски повторно не се појави?! (фото)

Македонската мисица и пејачка  Кристина Димитри најмногу е поврзана со нејзиниот син кој го има од бракот со  нашиот Х-фактор победник, Даниел Кајмаковски.

Нејзиното синче остана со неа откако таа се разведе од поранешниот сопруг пред пет години, а сега таа покажа како го прослави 6- тиот роденден на малиот Давид.

Кристина  на нејзините Инстаграм приказни сподели серија на фотографии на кои ја долови атмосферата од  роденденската забава.

Роденденски балони, конфети,  роденденски престол, и секако роденденска торта овој пат со ликот на спајдермен… Се’ организирано и подготвено како што треба, иако  и на овој роденден, барем според фотографиите, може да се забежи отсувството на Даниел Кајмаковски.

„Засекогаш“ – напиша таа на англиски на црно белата  фотографија на која беа сами таа и славеникот.

И овој пат, Кристина Димитри најубавиот ден во годината на нејзиното синче го прослави со најбиското семејство во друштво со нејзината мајка која пејачката уште ја нарекува и „втора мајка“ на нејзиното синче, па секако таа е и личноста што тој најмногу ја сака!

А заедно со неговата „втора мајка“  ја сечеа и роденденската торта.

Покрај мајка и  тука беше и неговиот вујко за кој пејачката често пати изјавува дека „без него не се може“, а сега пак со него ги дуваа заедно свеќичките.

А од него се разбира го доби и првиот подарок,  часовник од познатиот бренд за часовници „Касио“.

Даниел кој е активен на социјалните мрежи и на овој роденден ја зачува приватноста и кај него не објави ништо.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Кристина Димитри

Останати вести од Радио Милева