Поранешната ТВ водителка Елена Најдоски, ужива во луксузниот летен одмор каде замина заедно со својот сопруг Бојан, а од таму редовно објавува на социјалните мрежи како го поминува нејзиното секојдневие.
Елена и нејзиниот сопруг честопати имаат повод за забава, но овој пат поводот беше голем, а со најновите објави на социјалната мрежа Инстаграм ги воодушеви нејзините следбеници.
Имено, таа сподели нови романтични фотографии на кои позира во прегратка на нејзиниот избраник додека во описот на фотографијата напиша:
– Една година зад нас и засекогаш да одиме напред! Среќна годишнина Љубов моја – стоеше во објавата.
По повод годишнината од бракот таа откри дека прославила и наздравиле на интимната вечера во Сани ресорт на местото каде што моментално престојуваат:
– На здравје за уште многу години – напиша таа.
Веднаш потоа следбениците ги потсети и на венчавката која ја направија минатата година, а таа заблеска во раскошната бела венчаница.
– Среќна една година од најдобрата забава – се потсети и уште еднаш додаде дека засекогаш ќе го сака.
View this post on Instagram
Нивните следбеници им ја честитаа годишнината и им посакаа да дочекаат и златна свадба, засекогаш вака насмеани и заљубени.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Елена Најдовски