Радио Милева Љубов и задоволство

Актерската брачна двојка „во свој филм“ во сопствена режија: Жарко Димоски и тазе сопругата уживаат во луксузен меден месец на Малдиви (фото)

Актерската брачна двојка „во свој филм“  во сопствена режија: Жарко Димоски и тазе сопругата уживаат во луксузен меден месец на Малдиви (фото)

Актерот и водител Жарко Димоски и неговата тазе венчана сопруга Андреа решија брачниот живот да го започнат како на филм, а актери се само тие двајцата.

Само што во овој филм под нивна режија нема глума, туку вистинска и чиста љубов.

Пред една недела Жаре и Андреа и официјално запловија во брачните води, а по свадбената прослава во еден познат скопски ресторан, ги спакуваа куферите и заминаа на меден месец.

Нивниот избор на дестинација за ова животно патување кое ќе го паметат цел живот е Малдиви. Вљубените галапчиња уживаат во луксузен апартман со приватен базен, егзотична храна, коктели и сето тоа зачинето со многу љубов.

За разлика од Жарко кој е целосно препуштен на задоволствата, невестата е таа што е поактивна на Инстаграм за да открие како ги минуваат деновите.

За потсетување, актерот и неговата избраничка пред две години имаа и венчавка во Хрватска, но поради корона пандемијата чекаа некои вакви,подобри времиња за да ја реализираат свадбата.

фото: Инстаграм  принтскрин/Андреа Јосифова

To top