Радио Милева закани по живот

Заради новогодишниот концерт на Здравко Чолиќ, градоначалникот на Дубровник добил заканувачко писмо: „Ќе го преораме целиот страдун со динамит, а тебе ќе те обесиме на јарбол“ (ФОТО)

Заради новогодишниот концерт на Здравко Чолиќ, градоначалникот на Дубровник добил заканувачко писмо: „Ќе го преораме целиот страдун со динамит, а тебе ќе те обесиме на јарбол“ (ФОТО)

Градоначалникот на Дубровник Мато Франковиќ на социјалната мрежа Фејсбук објави заканувачки писмо кое го добил поради новогодишниот настап на Здравко Чолиќ во овој туристички центар на Јадранот.

Наведено е дека писмото го испратиле хрватските бранители Тигри и 4-та бригада на Хрватска.

„Добро утро поздрав од ‘бранителите’ кои немаа храброст да се потпишат“- напишал Франковиќ и јавно го објавил писмото во кое читко и јасно можат да се прочитаат грозоморните закани.

„Кога во 1991 година го браневме Дубровник од четници и Срби, а денес ги каните на Страдун српските пејачи како Здравко Чолиќ и други…“, се вели во писмото, заканувајќи му се на градоначалникот дека целиот „страдун“ ( главното шеталиште)  ќе го преораат со динамит, а него ќе го обесат на јарбол среде истиот страдун.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zdravko Čolić (@zdravko.colic)

Фото: Фејсбук/Mato Frankovic/ Инстаграм/zdravko.colic

To top