Деветнаесетгодишната Ајана е првиот женски артист во машката музичка ергела на продуцентската куќа „Урбан Рекордс“. Ново музичко име кое многу ветува, со нов, несекојдневен стил за женските изведувачи кај нас.
Несомнено талентирана и самата потекнува од музичко семејство, оваа синоока убавица со музика започнала да се занимава уште на шестгодишна возраст, свирејќи на пијано.
Во музичкото училиште во Куманово ги остварува првите настапи како соло пејач на концертите во рамките на училишните приредби.
Песната „Не ме моли“ за која како автор на музиката и текстот се јавува самата Ајана е во модерен Трап/Ар Ен Би правец и во неа доминира модерниот стил како и сигурниот вокал на талентираната тинејџерка.
Аранжманот, миксот и мастерингот ги потпишува Иван Јованов – Ивајо, додека пак видео спотот го изработи режисерот Гордан Божиновски за „God Eye Production“. Снимано е на две локации: во “Хелиум Кафе” и во ексклузивниот ресторан и кафе Бар “Ча – Ча” на Адријан Гаџа во Скопје.
Како сето тоа звучи изгледа – проследете во продолжение: