Американската водителка Дафни Оз, ќерка на популарниот Доктор Оз, се венчала за Србин со кој има и дете, пишува Курир.рс.
Со оглед на тоа дека нејзиниот сопруг е со потекло од Србија, таа одлучила на детето да му даде српско име.
View this post on Instagram
„Синот го нарековме Јован Јовановиќ Џуниор. Мојот сопруг е Србин и синот го доби името по неговиот татко. Го викаме Џон-Џон“, открила водителката пред 5 години.
View this post on Instagram
Дафни (29) е ќерка на популарниот ТВ доктор Мехмед Оз. Таа и Јовановиќ, кој се занимава со инвестиции, се запознале на колеџ, а се венчале во август, 2010-та година во српската православна црква во Портланд. Тие двајца имаат и ќерка која ја добиле во февруари минатата година.