Радио Милева ништо не е како што изгледа...

Започнува снимањето на серијата „Пејачка“ за мистериозното убиство на естрадна ѕвезда Јелена Марјановиќ: Сексапилната српска фолкерка и популарниот актер во главните улоги!

Започнува снимањето на серијата „Пејачка“ за мистериозното убиство на естрадна ѕвезда Јелена Марјановиќ: Сексапилната српска фолкерка и популарниот актер во главните улоги!

Серијата „Пејачка“ што ќе се занимава со мистериозното убиството на пејачката Јелена Марјановиќ кое ја потресе не само Србија туку и целиот регион, не престанува да се зборува! Откако се дозна дека главната улога немаше храброст да ја прифати снаата на Лепа Брена, атрактивната Александра Пријовиќ, па наместо неа убиената пејачка ќе ја игра сексапилната фолкерка Милица Павловиќ, сега е откриено кој ќе биде во улогата на  сопругот на Јелена.

Зоран, сопругот на покојната Јелена,  ќе го игра популарниот актер Вук Костиќ, пишува српски „Ало“. Тој се согласил да го игра ликот на човекот за кој многу се зборуваше претходните години, а наскоро ќе имаме можност да видиме како ќе се снајде во оваа улога.


Досега Милица Павловиќ не прифаќала актерски улоги иако и порано и биле нудени, но не можела да ја одбие понудата на режисерот Предраг Гага Антонијевиќ, кој стои зад серијата „Пејачка“.

„За време на мојата кариера, јас навистина имав многу понуди кога станува збор за серии и филмови, но јас не сум некој што би направил нешто, само за да можам да се фалам со тоа. Секогаш размислувам сериозно пред да донесам одлука. Не можев да одбијам таква понуда и улога, прифатив сериозна и тешка задача, но исто така сум подготвена да бидам максимално посветена на следните неколку месеци, колку што ќе трае снимањето на серијата“ – рече пејачката и додаде:


„Не можам да откривам детали за проектот, но можам да кажам дека сценариото е неверојатно возбудливо и полно со неочекувани пресврти. Го прочитав во еден здив и оваа серија сигурно ќе биде нешто сосема ново и различно од сè што публиката во нашата област досега имаше можност да  види. Серијата „Пејачка“ на публиката ќе и отвори некои нови видици за естрадата, бидејќи ништо не е онака како што изгледа“ – додаде Павловиќ.

Серијата ќе се снима од 12 август до 12 ноември, како што е најавено од продуцентската екипа.

To top