Радио Милева Кој е под кесата?

Започна снимањето на новата сезона на „Брза кујна“ без шеф Марк: Водителката Сања и шеф Никола позираа со новиот готвач (фото)

Започна снимањето на новата сезона на „Брза кујна“ без шеф Марк: Водителката Сања и шеф Никола позираа со новиот готвач (фото)

Пред крајот на летото веќе започна снимањето на осмата сеозна на популарното кулинарско шоу „Брза кујна“ кое се емитува на телевизија Сител.

На своите позиции се водителката Сања Савеска и во тимот на доматите веќе препознатливиот шеф Никола.

 

Како што претходно беше објавено, шеф Марк повеќе нема  а биде дел од шоуто и се насочува кон нови предизвици. На негово место веќе има нов шеф кој пак го прифати предизвикот да биде нов пред камерите и замена за Марк.

Како што споменавме, снимањата започнаа во студиото на телевизија Сител, а водителката Сања ја објави првата фотографија со новиот шеф.

Интересно беше тоа што идентитетот на главниот од тимот на пиперките засега останува мистерија, бидејќи шефот се фотографираше со хартиена кеса на главата, па неговиот лик остана непознат.


За потсетување, досега во „Брза кујна“ во неколку емисии имаше засилување од шефовите Бобан и Фиќо, а се смени и водителката Александра Илиевска на чие место дојде Сања Савеска.

Кој ќе биде новиот шеф, останува да почекаме до почетокот на новата сезона.

фото:Инстаграм

To top