На најпознатата старлета од Бања Лука, Божана Вујиновиќ и изгорел автомобилот, – џип марка „Ренџ Ровер“ во подземната гаража на еден трговски центар.
Имено, како што се наведува, засега не е позната причината за пожарот на возилото, а повеќе информации се очекуваат по истрагата и завршеното вештачење, пишуваат медиумите.
Портпаролката на полициската управа во Бања Лука, Данијела Мучибабиќ изјави дека пожарот бил пријавен во понеделникот, 15-ти септември во 16 часот и 35 минути.
Инаку Божана и е добро позната на јавноста од претходно, пред се’ поради нејзиниот бурен живот, самоубиството на татко и, но старлетата најмногу стана позната по љубовната романса со фолк ѕвездата Аца Лукас.
Инаку, како што пишуваат медиумите, зајачицата на Плејбој пред неколку години измамила еден свој клиент за 4.000 евра. Станува збор за момче од Шабац кој ја вработил преку тогашниот макро, пишуваат медиумите.
Божана видела дека ова момче е галантно, но и слабо на убави жени, па побарала од него финансиска помош, покрај тоа што уредно го платил нејзиното доаѓање.
Позајмицата, старлетата никогаш повеќе не му ја вратила!
Фото: Инстаграм принтскрин/bozanstvena_/bozana__vujinovic