Утрово околу 16 часот во близина на Авив парк на Звездара на паркингот бил запален автомобилот на српската старлета Тијана Ајфон. Според очевидец, осомничениот фрлил нешто кон нејзиното возило, кое неколку минути подоцна почнало да гори. Српската старлета од страв почнала да вика: „Помош, ми гори колата“. Нејзиното плачење ги разбудило соседите, а еден од нив веднаш притрчал да помогне и почнал да го гасне пожарот кој го зафатил автомобилот.
Според очевидец, соседите се разбудиле вознемирени и во страв, а автомобилот бил во пламен. На местото на настанот веднаш пристигнале припадници на противпожарната единица кои го локализирале пожарот, а во меѓувреме пристигнала и полицијата.
Фото: Принтскрин/Инстгарам/Тијанафанпејџ