Холивудскиот актер Жан Клод Ван Дам ги посети Драгана Мирковиќ и Тони Бјелиќ во нивниот дом во Виена.
Драгана неколку пати истакна дека се дружи со светскиот џет – сет, а изгледа дека еден од подобрите пријатели и е Жан Клод.
Тони и Жан уживаа во мезе и домашно кафе, а друштво им правеше Драгана која се покажа како вистинска домаќинка.
Овој момент го овечковечија со заедничка фотографија, а Мирковиќ ја сподели на социјалните мрежи и во описот напиша:
„Наш драг пријател“, напиша Драгана.
За потсетување, за роденденот на Жан Клод, српската пејачка му прати видео порака на актерот која ја сподели на социјалните мрежи.