Промотер

„Замижи и посакај добрина, мир“ – порачува Нина Николовска во песната за – „Божиќ“ (ВИДЕО)

„Замижи и посакај добрина, мир“ – порачува Нина Николовска во песната за – „Божиќ“ (ВИДЕО)

Малата Нина Николовска со песната „Божиќ“ ќе им ги стопли срцата на сите за време на Божиќните празници. За оваа песна, која претставува своевидна божиќна химна, изработен е и спот, во кој изобилуваат магични моменти кои ги носат овие празници не само во секој дом, туку и убавината што ја носи Крива Паланка во овој период на годината.

Целиот тим, кој  го работеше овој проект се музичари од Крива Паланка, а е продукциското првенче на Центарот за аудиовизуелни уметности од овој град.

Автор на музиката и аранжманот е џез-музичарот Гордан Спасовски, текстот е на Рената Кралевска, режија, Александар Ристески, директор на фотографија, Тони Величковски, а извршен продуцент е Методи Цветковски.

Спотот е снимен во центарот на Крива Паланка, но и на повеќе локации во околината на градот, кои го покажуваат раскошот за време на овие празници, но и ги мамат посетителите како локација и за културен туризам, за  планински, гастрономски, еко-туризам, уживање во природата и чистиот воздух и секако неизбежниот убавец, манастирот „Св. Јоаким Осоговски“.

Овој проект е под покровителство на Општина Крива Паланка ,  каде вчера  се организираа “Бадникови поворки” со Бадникова прослава на градскиот плоштад, а вечер, во 18 часот, ќе се одржи “Божиќен концерт” на Трио џентлмен.

Славејќи го Христовото раѓање, Нина во песната порачува:

„Ме буди мирис на цимет и божикни колсчиња. Божиќ е љубов и светлина, во нашите срца топлина. Замижи и посакај добрина, мир…“.

To top