Рик Окасек, фронтменот на рок-групата „Карс“ бил пронајден мртов во стан во Њујорк. Полицијата вчера соопшти дека властите реагирале на повик на телефонот 911, па кај 75-годишниот пејач само била констатирана смрт.
Нема знаци на насилство и напад. Причината за смртта на рокерот ќе биде утврдена по обдукцијата. Меѓу најпознатите хитови на „Карс“ од крајот на 1970-тите и 80-тите, се „Just What I Needed“, „Shake it Up“ и „Drive“. Бендот лани беше поставен и во Рок-ен-рол салата на славните.
Рик минатата година по 28 години брак се раздели од својата сопруга, некогашната манекенка и супер модел, паулина Поришкова.
Двојката првпат се запознале додека „Карс“ го снимале музичкиот спот за песната на „Вози“ во 1984 година и биле заедно се до лани 74-годишниот Окасек бил примен во халата на рокенрол славните во Кливленд, Охајо.
Рик Окасек зад себе остави и две деца кои ги има од бракот со Поришкова.