Радио Милева приоритет на природното?

„Заљуби се“ – Александра Накова ја откри тајната на добриот изглед (ФОТО)

„Заљуби се“ – Александра Накова ја откри тајната на добриот изглед (ФОТО)

Александра Накова е една од оние кои како по правило се меѓу првите што ја отвораат бикини сезоната. Сепак, со оглед на временските (не)прилики, летото изгледа многу и недостасува па Накова тоа покажа и со последната Инстаграм објава во која споделила спомени од ланскиот период ова време кога наместо со да се шета со чадор за дожд, се сончала евентуално користејќи сонцобран да не изгори.

Во недостаток на сонце додека времето не се промени, Накова за да не и биде здодевно решила денот да го мине не само во спомени, туку со помош на социјалните мрежи и својот Инстаграм малку да се познаимава со туѓите мислења за себе, па ги отворила своите Инстаграм приказни за прашања.

Таа доцна вечерта објави неколку интересни податоци од нејзината приватност, а сите претежно беа зинтересирани за тајната на нејзиниот добар изглед… Или барем таа токму тој избор на прашања и одговори го селектирала за да го објавим зашто така најмногу и годи и и’ чини.

Погледот и нејзините зелени очи го маѓепсуваат машкиот пол, па многумина беа заинтересирани дали таа случајно можеби носи леќи.

– Носиш леќи или зелени ти се очите?

– Зелени, не носам леќи – одговори таа потврдувајќи дека таква е нејзината природна боја на очите. Поглед во кој можеш да ги одмараш сопстевните очи и стиммулираш сопствените мисли.

– Која фарба ја користиш? – беше следното прашање за убавицата.

– Не се фарбам – гордо изјави таа, без оглед што многумина се посомневаа во искреноста на нејзиниот одговор, зашто наликува дека Накова некого „фарба“. Впрочем, на фотографијата лево и десно Накова не е со истата боја на косата… Освен ако не во прашање „игра на светлината“ или некаква екстензија?!

– Дали носиш вештачки трепки?

– Не трепките се мои, ставам целосни трепки само доколку морам за снимање или понекогаш за излегување – им одговори Накова без да трепне.

Дали некогаш си размислувала да живееше надвор од Македонија? – гласеше едно „иселеничко“ прашање кое доби „иселенички“ одговор иако Накова на таков чекор не се одлучила и се’ уште е живее во Македонија .

-Да, многу пати!

Бидејќи тешко некој да не ја препознае оваа ретка убавина која зрачи со сексипил,  таа од нејзините фанови го доби прашање како сето тоа и успева, како да се стане  убав како неа?

– Како да станам убав како тебе ?

– Заљуби се – кратко и јасно му одговори таа, откривајќи ја нејзината тајна на убавината.

А од секоја љубов повеќе од јасно е дека може да се изроди и нешто друго… Или поточно речено, љубовта може да се мултиципира, па логично беше силиконската убавица да ја прашаат дали би сакала да има и повеќе деца, кога е веќе толку убава, пардон, заљубена?

– Да, секако! – одговорила како од пушка без размислување Александра Накова, што укажува дека кога е веќе заљубена, можеби (набргу ќе по)работи на принова, а нејзината ќеркичка ќе добие братче или сестричка?

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Александра Накова

To top