Промотер

Жаклина Стевковска ќе ве потсети дека животот нема реприза и секој ден е – „Посебен ден“ (ВИДЕО)

Жаклина Стевковска ќе ве потсети дека животот нема реприза и секој ден е – „Посебен ден“ (ВИДЕО)

Македонската кантавторка и актерка, Жаклина Стевковска која повеќе од четири децении е активна на македонската музичка сцена, по пауза од една година се враќа со нова песна.

Последното од неа го слушнавме во 2001-ва година на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2001“ каде настапи со песната „Мојот град“. Сега таа се враќа со драматичната балада „Посебен ден“, на која таа самата е автор на музиката и текстот, додека аранжманот го направил Кокан Димушевски – клавијатуристот на легендарните „Леб и сол“, а песната е снимена во студиото „До-Ре-Ми“.

Музички исклучително зрела, аражмански беапрекорно спакувана, со моќни стихови кои длабоко емотивно допираат до душата, преиспитувајќи го сопственото его, стравовите и смислата на сопственото постоење и опстојување во двојка,  во секој ден кој е важен и посебен.  „Посебен ден“ е своеиевидна урбана беседа за љубовта која толку многу ја посакуваме, а толку себично или ја чуваме за себе или безсмислено ја расфрламе.

По нејзината легендарна „Писма неотворени“, се чини дека ова е една од најсилните теми на Стевковска со која акустичарската кантавторка се преставува себе си и своето музичко творештво.

Темата е визуелизирана со едноставно, но доволно добро видео кое ја пренесива силната порака вткаена во песната и нејзините стухови: „Чувајте се себеси, своите сакани и блиски секој ден, зашто животот нема реприза и… секој ден е посебен!“

Проследете ја  во продолжение „Посебен ден“ на Жаклина Стевковска: 

To top