Името на Захија Дехар е добро познато во Франција, но и ширум светот по скандалот во 2010 година. Тогаш француските фудбалски асови Карим Бензема и Франк Рибери, се најдоа во центарот на скандалот со тогашната малолетна проститутка Захија Дехар.
Захија добила 700 евра за вечерта со играчите, а потоа добила покана на суд, на која било утврдено дека „фудбалерите не можеле да знаат колку години има девојката што цела вечер меѓу себе ‘си ја подавале’ во хотелската соба“.
Во јануари 2014 година, парискиот суд ја отфрли тужбата против француските фудбалери Карим Бензема и Франко Рибери, обвинети за заведување на малолетната Захија Дехар во 2010 година. Сепак, поради неа, Бензема заврши да игра со националниот тим непосредно пред Светското првенство во 2010 година,и не беше повикуван од селекторот Дешамп, се до годинешново ЕУРО 2020, кога одново заигра за триколорите.
Оваа девојка работела како проститутка во времето на големиот скандал, и поради тоа фудбалерите за малку ќе завршеа зад решетки. Покрај тоа, таа тогаш уште беше и малолетна!
Но, од тој момент, нејзината кариера „експлодираше“, па Захија се најде на насловните страници на многу светски весници, магазини и списанија, а финансиерите од сите страни и нудеа пари за да ја изгради саканата кариера. Поради нејзиниот став и постојаните интервјуа, таа беше наречена госпоѓица „Скандалозна“ во Франција.
Родена е во Алжир на 25 февруари 1992 година, а на десетгодишна возраст се преселила во Франција со својот брат. На 16 години станала проститутка, а се зборуваше дека заработува 20.000 евра месечно од најстариот занает во светот.
Денес, таа е топ модел и актерка со познати улоги во филмовите „Лесна жена“ и „Џозефина, бремена и убава“, а во меѓувреме го искористи огромниот медиумски публицитет и стана дизајнер на сопствен бренд долна облека.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/zahiaofficiel