Лиза Мари Присли проговори за филмот за нејзиниот татко кој наскоро ќе ја доживее својата премиера, а проговори и за смртта на нејзиниот син Бенџамин кој целосно ја уништил.
Лиса Мари Присли, ќерката на легендарниот крал на рокот Елвис Присли, проговори за самоубиството на нејзиниот син Бенџамин Киа. Имено, Бенџамин изврши самоубиство во јули 2020 година на роденденската забава на неговата девојка Дијана Пинто, што целосно ја скрши пејачката и актерка.
Според пишувањата на странските медиуми, соседите на потомците на Елвис слушнале жена како вреска во раните утрински часови на 12 јули, за која се верува дека е Пинто: „Немој така!
– Оваа страшна тага која го уништи и скрши моето срце и душа целосно ме проголта, напиша таа на својот Инстаграм профил.
Лиса на социјалните мрежи го промовираше биографскиот филм „Елвис“, кој го следи животот и кариерата на нејзиниот татко, а зборуваше и за нејзиниот починат син.
Како што вели, оттогаш се обидувала да се фокусира на своите три деца, нагласувајќи дека на ништо друго не и’ добива време и внимание.
Пејачката и актерка напиша опширна порака за претстојниот филм во која ги пофали режисерот Баз Лурмен и главниот актер Отин Батлер кои „играа одлично со срцето и душата“ на нејзиниот татко.
-Ми се кине срцето што син ми не е тука да го види ова, многу би му се допаднало, напиша таа меѓу другото на својот Инстаграм профил.
Покрај починатиот син, Лиза Мари Присли ја има и ќерката Рајли (32) со поранешниот сопруг Дени Киохаг, две близнаци Харпер и Финли (12) со Мајкл Локвуд од кој исто така се разведе.
Многу медиуми објавија дека 27-годишниот Бенџамин си го одзел животот во јули 2020 година.
Пред две години, полицијата во Лос Анџелес открила дека обдукцијата покажала дека Бенџамин ја отворил устата и го повлекол чкрапалото, па се застрелал во главата, а не во градите, како што првично било запишано во весниците.
ПР-от на пејачката и актерка и порача на јавноста дека Лиса Мари Присли е целосно со скршено срце, но се труди да остане силна за преостанатите три деца, додавајќи дека го обожава Бенџамин кој бил љубовта на нејзиниот живот. На некој начин, Бенџамин сакаше да го потсети на својот дедо, особено кога ќе се има на ум дека Лиса Мери, неговата мајка, отсекогаш ја истакнувала сличноста меѓу нив двајца, а не само физичката.
Инаку, Лиса ретко се појавува во медиумите, а последен пат папараците успеале да ја снимат кон крајот на ноември во Калабасас, Калифорнија, додека одела на психотерапија.
фото:Профимедиа/Инстаграм принтскрин