Мора да признаете дека Тамара Тодевска во последно време е во топ форма. Физички никогаш не изгледала подобро, поубаво, позаводливо, речиси никогаш толку не блескала како сега. Видно ослабена, пејачката знае како да го истури сиот свој сексапил, а притоа тоа да не биде вулгарно туку да има само еротски набој, онолку колку што е доволно за да ги заинтригира оние што нејзината појава знае да ги „заскокотка“. Заради воодушевување, споредување, љубомора или озборување, сеедно. Што и да е, Тамара знае како тоа да го покаже и направи да биде возбудливо.
За сето тоа сведочат и нејзините фотографии што редовно ги објававува на своите профили на социјалните мрежи. Оттаму и енигмата, што ли јаде оваа жена, како се храни, без што не може, а што не ни сме да помисли да проба?
За да нема недомумици, случајно или не, Тамара самата го откри одговорот кој ќе ја расчисти оваа непознаница за неа. Пејачката во едно од своите Инстаграм сториња, откри дека е сериозно навлечена! Меѓудругото и на она нешто што Заеви го произведуваат, а Тамара во последно време не може без него! А за тоа најголем виновник е како што самата вели, сестра и Тијана!
И за да не сфатите погрешно или не дај Боже да ве обземат „грешни мисли“, па да тргнете да споделувате и „бош муабети“ по социјалните мрежи и кулоарите, веднаш да разјасниме: НЕ Е тоа што можеби на прва помисливте! Во прашање Е производ на фамилијата, ама не оној за „рекреативна“ употреба. Ниту за медицинска. Овој е за секојдневна конзумација, особено во зимските месеци, кога нема баш и свеж зеленчук.
Имено, Тамара споделила фотографија на која има неколку производи и тоа: Пршута, крем сирење за мачкање, пикантен хумус намаз и… корнишони.
И тоа струмичко производство, од никој друг, туку бренд од фирмата на фамилијата Заеви!
Во описот на фотографијата Тамара напишала: „Не е платена реклама, ама јас сум сериозно навлечена на оваа комбинација (со црно лепче). Тијана е крива“ – споделила пејачката!
Како оваа „опасно вкусна комбинација“ ќе влијае на нејзината телесна структура, допрва ќе видиме. Да не биде само потоа, Тијана беше навистина крива – с’краја да е, односно виновна!?
И да се разбереме: „Рекреативната компонента“ на дел од „градинарскиот“ асортиман на споменатото семејство производители на корнишони, не е спомната во објавата од страна на пејачката!
Фото: Инстаграм принтскрин/tamaratodevska