Маја Беровиќ го чека своето прво дете со сопругот Ален Драгосав со кој е од својата 17 година.
Пејачката ќе се породи во февруари, а како што и самата напиша покрај првата фотографија на која позира со голото трудничко стомаче – откри дека е многу среќна.
Иако е многу популарна, многумина не знаат за неговиот сопруг.
Маја и Ален се запознале кога таа била малолетна.
„Доаѓаше на секој мој настап во Босна и се завршуваше со погледи бидејќи имав 17 години. Бев малолетна и лудо заљубена во човекот кој доаѓа на моите настапи“, изјави Маја во една прилика.
Тие започнале да се забавуваат, а набргу започнаа да живеат заедно.
„После некое време, сфативме дека не можеме така и дека ни е премногу важно да остане на платонска љубов. Донесовме одлука да живееме заедно, што беше тешко да и кажеме на мојата мајка која беше самохрана мајка и на која и беше тешко да се раздели од своето дете толку рано. Сепак не застана на патот на мојата среќа. Ален ми помогна финансиски и морално да го објавам мојот прв албум“, изјави Беровиќ.
Парот се венчаше во 2016 година во Грција.
„Мојата венчавка не беше толку „тајна“. Немав што да кријам, само немав потреба да објавувам дека се омажив. Се одлучив за Родос затоа што за мене тоа е еден од најубавите острови во Грција и затоа што имаше православна црква. Ние сакавме да се венчаме во прославна црква“, изјави пејачката по венчавката.
Таа истакна дека Ален секогаш бил покрај неа.
„Тој е мојата најголема поддршка и продуцент на се ова. Се посветуваме еден на друг и заедно се смислуваме. И кога станува збор за визулениот дел, тој е мојот најголем критичар“, изјави Маја во една прилика.
Инаку, сопругот на Маја, како што се наведуваше на почетокот на нивната врска, возел камиони, но постигнал голем успех.
Како што се наведува, тој денес има своја фирма за камиони и има 83 вработени.
Како што се наведува на сајтот на неговата фирма, неговиот приход изнесува 7 447 892 евра.
фото: Инстаграм/маја беровиќ/никола томиќ/ата имагес