В четврток, 9 август, на плажата „Куба либре“ во Орид заеднички концерт ќе одржат Дамјан Пејчиноски квартет и Џон Илија Апелгрен, а специјален гостин ќе им биде бугарскиот виолинист Љубомир Тулумбаџиев.
Заедно со нив ќе свират и Иван Петровски на ритам-гитара и Горан Гешовски на бас-гитара.
Концертот е отворен за сите љубители на музиката на овие виртуози, а почетокот е закажан во 22.00 часот.