Далила Драгојевиќ се разведе од Дејан Драгојевиќ на почетокот на оваа година, а нивната врска продолжува да ја интригира јавноста иако официјално повеќе не се маж и жена. Далила за прв пат во живо на ТикТок изјави дека ќе се врати во бракот со Дејан и дека го сака најмногу од сите поранешни.
– Ако треба да се вратите на една врска, која врска би била тоа? – ја праша едно момче во живо.
– Би се вратила во брак со Дејан. Тоа е нешто што ми требаше најдолго, тоа е личноста со која постигнав најмногу во мојот живот, тоа е личноста што ја сакав најмногу од сите мои поранешни – изјави Далила.
Да потсетиме, Далила и Дејан се разведоа по јавната измама што ја направи со реалити учесникот Филип Цар, а правниот развод се случи на 14 февруари годинава.
Фото: Принтскрин/Инстагарам/Ана Паунковиќ