Работите во реалното шоу „Задруга 3“ по се’ изгледа тотално излегоа од контрола. Веќе не забавно, а вчера, на Велики Петок малку недостасуваше да заврши и трагично. Главни протагонисти вообичаено, Луна Ѓогани, нејзиното момче Марко Миљковиќ и нејзината Мајка, пејачката Анабела Атијас, која е против нивната врска, за која има најава дека ќе заврши со брак.
По уште една жестока кавга, расправијата најпрвин тргна со физичка пресметка помеѓу Марко и Анабела, по што кулминираше со врескање и плачење на Луна, а финишираше со тоа што Анабела ја удри својата ќерка, по што и самата доживеа нервен слом.
Во целиот тој метеж, каде Анабела качувајќи се преку маса тргна да ја среди Луна, Марко ја бранеше, па не се знаеше кој кого удира и повеќе навредува, најмногу настрадаа мајката и ќерката.
Луна се тресеше од доживеаниот стрес, па и таа доживе нервен напад, стравувајќи за животот на мајка и.
Падна на земја, се трескаше, врескаше, повраќаше… по што едвај ја смирија и однесоа во изолација.
Откако најпрвин Анабела „тотално одлепи“, па потоа чувствувајќи доза на вина и грижа на совест што на најтешкиот празник ја удри својата ќерка, за да се смири се напила двојна доза седативи, со што си го загрози задравјето и животот. Овие страотни сцени на хаос и физичко и психичко насилство во „Задруга 3“ можете да ги видите во споделениве видеа.