Ако во соседството Нова година не може да се замисли без сарми, кај нас во Македонија не поминува и не може да помине без руска салата и кифлички. На ова калорично задоволство ретко кој може да одолее, освен оние кои имаат веќе предодреден режим на исхрана од кој нема исклучоци.
Во овие вторите се и тие што внимаваат на килограмите, а во нив е пејачката Викторија Лоба која овој пат се реши да направи исклучоци и задоволството и уживањето да не трпат.
Таа објави една илустрација од ова гастрономска микс закуска која знае и да премине во главно јадење.
Лоба иако цела година води сметка на килограмите, овие моменти без оглед на последиците и глетката во вагата, воопшто не беа важни. Не беше исклучена и честитката за Новата година во која таа вели:
View this post on Instagram
-Среќна Нова Година драги мои! Бидете среќни, радувајте се, љубете се, негувајте ја добрината во срцето и се што посакувате нека се оствари во вистинскиот момент, им посака Лоба на сите преку својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
Инаку, денес, 4-ти Јануари, Викторија Лоба заедно со своите колеги ќе биде дел од празничната музичка приказна на Плоштадот Македонија во Скопје каде за убав старт на годината ќе пеат пред публиката за почеток исполнет со македонска музика.
фото:Instagram printscreen/ victorialoba