Кога сами знаеме да си угодиме на себе и хедонистички да уживаме во нештата кои ни причинуваат задоволство, тогаш може секој ден да биде празник на нашите сетила.
Но, кога некој друг добро ве познава и го овозможува тоа во дупла мера, тогаш се чувствуваме важно, разгалено, сакано…
Миа Костова слободно може да се каже дека е хедонист кој знае како да ги восприема благодетите од животот. Неодамна беше на зимување во Бугарија, но и по доаѓањето дома, разгалувањето на сетилата не заврши.
Имено, таа на својот Инсатграм објави фотографија со која покажа дека има некој во животот кој ја разгалува до максимум.
-Недела е за ручек во кревет. Некој вака ме чува, пишува Миа во описот на фотографијата за личноста чиј идентитет не го откри, а за неа подготвила оброк како од ресторан.
Богата салата и паста по кои само од изглед да ти „потечат лиги“.
Да се има некој ваков во животот е вистински дар, а Миа е среќна жена!