Станија Добројевиќ вели дека нејзиниот задник вреди милиони додека старлетата ужива на Копаоник, а машките фанови ги полуде со своите секси фотографии.
Станија се фотографирала во станот во кој престојува веќе извесно време на познатата српска планина, а во преден план го истакнлаа нејзиниот зачудувачки задник.
„Жешко ти е, иако надвор сигурно е ладно“, „Ти си толку жешка! „ Што би ти направил“, се само неколку од коментарите на Инстаграм на Станија. На еден обожавател толку многу и се допаднале нејзините провокативни слики што и напишал на старлетата дека нејзиниот „задник вреди милиони“. Добројевиќ нескромно му одговори: Знам, вреди!
Победничката на „Фарма“ и поранешна учесничка на „Задруга“ вели дека заработува многу пари на Инстаграм и „Онли Фанс“ благодарение на фотографиите од задникот!
– Во еден момент од животот сакав да пеам. Сепак, брзо се откажав. Кога видов колку морам да патувам, да настапувам во загушливи клубови, сфатив дека тоа не е работа за мене. Полесно заработувам со фотографирање за Инстаграм и „Онли Фанс“! Го фотографирам задникот за три минути, и добивам одлична цена – објаснува Станија.
На прашањето дали планира да го осигура задникот, како светски познатата музичка и актерска ѕвезда Џеј Ло, таа одговорила:
– Не сакам да го направам тоа. Зошто би осигурала нешто што дефинитивно ќе оди во гроб еден ден?!
За да имам задник по кој воздивнуваат мажите на 37 години, „Плејбој зајачицата“ мора да се помачи: – Редовно вежбам во теретана. Секако, внимавам и што јадам. Во последно време само за вечера јадам потаж супи. Избегнувам тешка храна навечер.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Станија Добројевиќ