Поп кралицата Мадона го прослави својот 62-ри роденден, а на социјалната мрежа Инстаграм протекоа фотографии кои што целиот свет го оставија без зборови.
Инаку, музичката ѕвезда е родена како Мадона Луиза Чикони во Мичиген – САД, а позната е по своите ексцентрични спотови и настапи.
Таа е добитничка на многубројни престижни награди и сопственичка на едни од најголемите светски хитови.
Во животот беше во брак двапати: за актерот Шон Пен и режисерот Гај Ричи, а има три деца, две биолошки и едно посвоено.
Важи за личност која што го менува светот, се залага за рамноправност на сите луѓе, а за нејзиното име се поврзани многу контроверзии.
По повод својот 62-ри роденден, кој што го прослави во „Јамајка стил“, Мадона на својот Инстаграм профил сподели фотографии на кои што позира во цветен фустан, со лепеза и мобилен телефон во раката, околу вратот има шарен ѓердан, а носи и штака.
Тука не е крајот, пејачката исто така покажала и со што ги почести нејзините гости.
На менито имало здраво овошје, коктели, но и марихуана.