Радио Милева

„За жал, нејзината состојба е лоша“: Бренда од „Беверли Хилс“ во најтешката битка со опаката болест – карциномот преминал во четврт стадиум

„За жал, нејзината состојба е лоша“: Бренда од „Беверли Хилс“ во најтешката битка со опаката болест – карциномот преминал во четврт стадиум

49-годишната Шенон Доерти верувала дека го победила ракот на дојка кој ѝ беше дијагностициран пред 5 години, но во февруари оваа година тој ѝ се вратил, се проширил на нејзините лимфни јазли и преминал во четврт стадиум, пренесува Foxsnews.

Со оглед на фактот што се повлече од јавноста, многумина се прашуваа како е Шенон, а одговорот на тоа прашање сега го дал нејзиниот колега од серијата кој го глумеше нејзиниот брат, Џејсон Присли.

„Шенон е борец и отсекогаш била борец, и знам дека ќе продолжи да се бори колку што може“, изјавил Џејсон, кој го глумеше нејзиниот брат Брендон во серијата „Беверли Хилс“.

 

View this post on Instagram

 

Tuesday……

A post shared by ShannenDoherty (@theshando) on


Покрај Џејсон, изјава за американските медиуми дал уште еден пријател на Шенон кој сакал да остане анонимен, а неговата изјава растажи многу обожаватели бидејќи открива сосема поинаква слика за здравјето на актерката.

“За жал, нејзината состојба е толку лоша што мислам дека нема да ја дочека 2021 година. Таа умира. Ова го велам со тешко срце, но Шенон не сака да бега од вистината и знае што ја чека наскоро”, изјавил изворот близок до актерката.

За потсетување, Шенон кон крајот на февруари им се обрати на следбениците по пат на Инстаграм и ги сподели лошите вести за враќање на карциномот.

 

View this post on Instagram

 

It’s Monday…..

A post shared by ShannenDoherty (@theshando) on

Во 2019 година почина актерот Лук Пери, кој го играше Дилан, а Шенон беше неговата партнерка  во серијата „Беверли Хилс“.

To top