Една од најжешките пејачки открива како ја одржува витката линија.
„Не се работи за никаква диета, туку за стрес и љубовни проблеми! Кога имам љубовни проблеми не можам да јадам, па тоа веднаш влијае на мојата фигура, а тука беше и стресот околу концертот во Белград. Сакав се да испадне како што треба, затоа се подготвував и психички и физички. Не стигнував да јадам и да имам нормални оброци. Сега полека се вратив во нормала“ – рекла Теа и додала дека секојдневно вежба во теретана.
„Зборуваат се’ и се’што, дури и дека имам вештачки задник, а не знаат дека и делник и празник, правам илјада чучнувања дневно! Кога нешто е вештачко, можете да го видите од авион. Ако некој има тенки нозе и голем, поткренат задник, знајте дека тоа не е природно. Кај мене се гледа дека имам силни бутови и тоа е се од вежбањето. Правам и стомачни, затоа имам стомачни мускули.
Тренирам цел живот, а телото не го заборава тоа, па ако понекогаш се опуштам малку, многу брзо се враќам во форма. Во моето семејство сите се згодни, па претпоставувам дека е нормално и јас да изгледам добро, а висината ми „се истакнува“. Затоа можам да јадам многу без тоа да се забележи како кај некои други“ – вели Теа која навистина се труди да води здрав живот.
„Пијам цеден сок, јадам готвена храна и многу овошје и зеленчук. Имам среќа што моето тело не копнее за нездрави грицки. Земам бадеми или протеинска лента и тоа е се“ – ја завршува приказната фолк ѕвездата.
Ова е менито на Теа Таировиќ:
Појадок: Интегрален сендвич
Ручек: Пилешко и зеленчук на скара
Вечера: Салата со туна
Совет: Вежбајте секој ден и не барајте изговори. Ако немате време да одите во теретана, вежбајте дома.
Фото: Инстаграм/tea_tairovic