Актерот и водител Драган Маринковиќ Маца на својот Инстаграм објави видео во кое заедно со водителката Јована Јеремиќ гостуваат во емисијата „Магазин ин“ чиј водител е Сања Маринковиќ.
Јована во еден момент почна да игра на подиумот, а Маца најблаго кажано остана без зборови.
Изразот на неговото лице кажуваше се, а денес на неговиот Инстаграм профил го објави тоа видео со опис:
– За сите нас, изгубени во времето и просторот. За сите нас кои застанавме на половина пат – збунети – напиша Маца.
View this post on Instagram
Додека многумина коментираа дека цело време јавно ја исмева Јована, таа му одговори и под неговата објава напиша:
– Те обожавам – рекла водителката која сè сфатила како шега.
„Има вишок енергија“, „Ех, да ја имав нејзината самодоверба“, „Каков цар си ти“, „Кога мислиш дека си видел се, а таа пак ќе те изненади“, „Ти благодарам за оваа смеа“, Погледот кажа се“, беа само дел од пораките под видеото.
Фото: Принтскрин/М.Илиќ/С.Крстиќ