За поранешниот македонски Икс- Фактор учесник, пејачот Давид Темелков, како и за неговата тазе сопруга Елена, моментално е лето. Вљубените гулапчиња се решија за есенска авантура на далечниот Бали, односно на Нуса Пенида, остров кој се наоѓа во близина на јогоисточниот индонезиски предел.
Таму температурата е иста во текот на целата година, така што Давид и Елена отидоа на сигурен терен каде ќе се препуштат на топлото време, егзотика и комплетна синергија на природата.
Давид откако ја направи големата македонско- хрватѕска свадба во месец јуни, некако се повлече од социјалните мрежи, а особено резервиран остана со моменти од приватноста и брачниот живот. Сега за промена почувствува потреба да го покаже благодетот во кој моментално уживаат.
Приватен базен, егзотична храна, звуци и мириси на природата, а целото тоа во спој со романтика која само ја интензивира љубовта и страста…
Капење под дожд, што поромантично и необично од тоа, да посакаш да си на негово место!
Гушнати, разнежнети, преплавени од емоции и убаво на душа, Давид и Елена создаваат спомени како од разгледница за првата година од бракот и едно необично есенско лето.
фото:Инстаграм принтскрин/Давид Темелков