Во месец септември најдобариот македоински автомобилист, Игор Стефановски Иџе ја освои третата титула Европски шампион за ридски трки.
По многуте победи кои претходеа на шампионатот и бодовната предност, во хрватскиот град Бузет беше местото со патеката од каде Иџе ја освоит третата шампионска титула.
Сега, во Брага во Португалија и официјално на свеченоста организирана од ФИА беше прогласен Европскиот шампион во ридско искачување- нашиот Игор Стефановски –Иџе.
За свеченоста Иџе облече црн елегантен костум, а до него беше и најголемата поддршка, сопругата која го придружува речиси на секоја трка и значајни моменти како овој.
Горд со трофејот во рацете, Иџе дополнително го чувствуваше адреналинот, но сега бидејќи како што вели и самиот е посебно чувство сите значајни личности од автоспортот да стојат и да ја слушааат македонската химна во негова чест.
-За ова вреди секој момент поминат на тркачките патеки, секоја победа па дури и пораз, чустото да се интонира Македонската химна во Португалија и притоа сите значајни личности од автоспортот да стојат исправени и да ја слушаат во чест на шампионот ИЏЕ, пишува победникот во описот на видеото кое го сподели на својот Фејсбук профил.
За потсетување, Стефановски оваа густо набиена сезона, победи на седум од десет трки, па оттука очекувно беше тој уште еднаш да ја направи горда Македонија.
фото:Фејсбук/Игор Стефановски Иџе