Радио Милева

За нивната свадба се пишуваше и зборуваше на големо, ама бракот меѓу нашата менекенка и фудбалерот пукнал по две години?!

За нивната свадба се пишуваше и зборуваше на големо, ама бракот меѓу нашата менекенка и фудбалерот пукнал по две години?!

Убавата манекенка Маја Ристеска и фудбалерот Јован Костовски, наводно решиле да го завршат својот брак и на мирен начин да се разделат – пишуваат деновиве македонските портали.

Приказната се појави поради тоа што двојката наводно ги избришала фотографиите од своите профили на социјалните мрежи, како едниот, така и другиот, а пак по ваквите пишувања, тие се уште не се огласиле да потврдат или демантираат.

Сепак, на профилот на социјаната мрежа кај Јован, нема ниту една фотографија за прикажување, додека кај Маја приказната е нешто поинаква.

фото:маја ристеска/фејсбук/загапродукција

На нејзиниот профил сепак стојат свадбените фотографии,  спротивно на она што се пишува.

Дали е вистина или не, оставаме тие самите да откријат.

фото:маја ристеска/фејсбук/загапродукција

Инаку, Маја е една од нашите најуспешни и најбарани манекенки во земјава,  можеме да ја видиме на многу ревии на домашните дизајнери и нивните фотосесии, ја гледавме и на телевизиски реклами, а имеше кус обид и да го води државното Лото извлекување.

Јован пак, веќе некое време живее и игра во Белгија, каде со Маја живееја заедно по свадбата.

To top