Лепа Брена и Боба Живојиновиќ веднаш по завршувањето на вонредната состојба во Србија со приватен авион заминаа во Монако, а сега српските мидуми ја откриваат нивната вистинска причина за заминување.
Имено, Брена и Боба одлучиле за 100 000 евра да го продадат бродот кој го купија во 2015 година и да се подноват со нов луксузен брод. Токму поради пред седум дена заминале во Монте Карло каде посетуваат салони.
„Познато е дека сакаат да крастарат, па не ни чудно што сакат да купат нова јахта која ќе биде поголема и полуксузна од оваа која ја имаат“ вели извор близок на Живојиновиќ.
„По тој повод пред неколку дена отпатуваа во Монако каде разгледуваа јахти. Не сакаа ништо да препуштат на случајот, па сакаат лично да се убедат дека е тоа што им треба“ додава изворот.
Пејачката и некогашниот тенисер заедно со семејството и пријателите често крстарат по Јадранот.
„Поради пандемијата, парот планира поголемиот дел од летото да го помине на отворено, па се надеваат дека ќе најдат јахта која им одговора. Со нив ќе биде и нивното семејство, како и внукот Александар“ тврди изворот.