Реалити ѕвезда Клои Кардашијан и нејзината мајка Крис Џенер потрошиле огромно богатство за реновирање на нивниот имот во Калифорнија.
Имено, Клои и Крис имаат огромен имот на кои се наоѓаат два огромни вили кои сега ги реновираат, а за истите потрошиле 37 милиони долари.
На фотографиите може да се забележи дека е ископено целото земјиште, а изгледа се реновира и базенот.
Мајката и ќерката воопшто не се штеделе да го уредат својот дом по нивен вкус.
Инаку, неодамна Клои се најде во скандал кога моделот Сиднеј Чејс во подкаст на „Јутуб“ откри дека била интимна со НБА ѕвездата, Тристан Томпсон.
Инфлуенсерката јавно кажа дека Тристан изјавил дека е слободен, но таа кога дознала дека е со Клои го прекинала контактот.