Марија Шерифовиќ до неодамна беше во лоши односи со нејзиниот татко, но малкумина знаат дека таа имаше полубрат кој почина по борба со тешката болест.
Имено, нејзиниот татко Рајко и нејзината мајка Верица се разведоа, тогаш започна и судењата околу имотот. Марија го има полубратот Даниел со кој е во одлични односи и кој исто така се занимава со музика.
Шерифовиќ, исто така имаше и полубрат Душан од претходниот брак на нејзиниот татко, кој по тешко боледувања на 42 години почина во 2013.
Душан е роден во бракот на Рајко и Мира која по разводот се пресели во Лондон.
Иако не беа во најдобри односи, Марија му помогна на Рајко во најтешките моменти. Тој ја обвинуваше својата ќерка за проблемите во животот, а неодамна изјави дека сфатил дека таа само му посакува добро. Како што се зборува, пејачката му изнајмила стан и му праќа пари.