Радио Милева

За неа таа е победник: Јелена Карлеуша и Марија Шерифовиќ со поддршка за нашата претставничка на Евровизија

За неа таа е победник: Јелена Карлеуша и Марија Шерифовиќ со поддршка за нашата претставничка на Евровизија

На втората полуфинална вечер на Евровизија која се одржа сношти во Тел Авив, под  реден број 17 настапуваше македонската претставничка Тамара Тодевска со песната „Proud“.

Тамара беше пречекана со овации и аплауз, а таа едноставно “грмеше“ на евровизиската сцена.

Нашата пејачка добива поддршка од цела Европа, како од нејзините фанови, следбеници, јавни личности…

Нејзините колеги, колешки преку социјалните мрежи дадоа поддршка на нашата претставничка, а моделот Катарина Ивановска замина во Израел да ја бодри нејзината пријателка.

фото: принтскрин/катаринаивановска

Тијана Дапчевиќ, Калиопи, Каролина Гочева, Елена Ристеска, Викторија Лоба, Марјана Станојковска, Ване Марковски, Кристина Арнаудова, Сања Лефкова, Лила Филиповска, Ања Ветерова, Сања Цинцева Барби, Велков Снеже, Сања Николиќ, Игор Џамбазов, Миа Костова, Ружива Антиќ, Аделина Тахири се само дел од македонските јавни личности кои се сплотија и дадоа поддршка на Тодевска.

Меѓутоа, поддршка и бодрење пристигна и од соседството односно од Србија.

Еден од најдобрите вокали, пејачката која успеа да и донесе победа на Евровизија на Србија, Марија Шерифовиќ и даде поддршка на Тамара.

Прво, на „Инстаграм стори“ ги објави броевите за гласање, а потоа сподели дел од изведбата и во описот стави аплауз  и истакна „браво Тамара“.

фото: Принтскрин/шерифовиќ

фото: принтскрин/инстаграм/шерифовиќ

Од друга страна, Јелена Карлеуша исто така следеше Евровизија со нејзините ќерки, па кога ја праша ќерката која е победник, таа одговори „таа“  покажувајќи го настапот на Тамара.

фото: Принтскрин/инстаграм/карлеушастар

Од друга страна, пред самиот почеток, Наташа Беквалац на социјалните мрежи ги сподели броевите на кои може да се гласа за нашата претставничка.

фото: принтскрин/наташабеквалац

Дали „Proud“ ќе и донесе победата на Македонија или пак оваа година најдобро ќе се пласираме, останува да следиме во сабота.

Секако, ние имаме на што да бидеме горди.

To top