Американската старлета и ријалити ѕвезда, Ким Кардашијан, на својот профил на Инстаграм на големо се промовира себеси, како да и е непозната на јавноста.
Веќе сите знаат и за нејзинот најсилен атрибут – силиконскиот задник, а во последно време во фокус е и нејзиниот ултра тесен струк.
Сега на својот Инсатаграм, Ким објави снимка од минатата година која настанала во Лондон, а таа очајно сакала да и покаже на јавноста како изгледала во корсетот додека позира пред огледалото.
Притоа во описот нагласи и дека за нејзиниот 40-ти роденден подготвува изнанеадување.
За само 6 часа, снимката имаше повеќе од 2 милиони лајкови, но и многу критики дека ова не смее да биде нормало.
„Девојко, каде ти е струкот?“ „Кој ќе кажа дека не вадела ребра“, се само некои од коментарите.