Македонската пејачка Татјана Лазаревска повеќе од 6 години заедно со сопругот и синовите живее во Австралија каде што купија и сопствена куќа.
Изминатиот период, поради пандемијата со коронавирусот, во Австралија имаше рестриктивни мерки, а Татјана и нејзиниот сопруг Новица беа во изолација.
Пејачката е актвина на социјалните мрежи и често објавува фотографии или пак се вклучува во живо каде што пее македонски песни и ги развеселува луѓето со музика.
Додека кај нас ги подготвиме капупите, шаловите, ракавиците и се подготвуваме за снегот и зимскиот период, за Татјана Лазаревска е лето.
Имено, таа ужива во топлите температури и убавото друштво на нејзиниот сопруг. Имено, на својот „Инстаграм“ таа објави фотографија од прошетка од нејзиниот одмор со Новица.
Со оглед на тоа дека во Австралија владее топло време, Лазаревска позираше во летна комбинација односно шорцеви и маичка.
Насмеани и преграни, еден покрај друг, за Новица и Татјана нема зима.
Кој знае да ужива, знае да ужива, а Лазаревска дефинитивно знае.
фото: принтскрин/инстаграм/татјана лазаревска