Кија Коцкар стана сопственичка на уште една недвижност во елитна населба во Белград.
Коцкар претходната година заработи многу пари благодарение на настапите и продадените книги, па одлучи да се почести со уште еден стан.
„Кија неодамна купи стан на Ѕвездара каде што се наоѓа и станот во кој живее, а кој го купи со парите од победата во „Задруга 1“. Станот се простира на 50 метри квадратни, а го плати околу 70 000 евра. На уредувањето ќе потроши уште околу 10 000 евра“ вели извор близок на пејачката.
По тој повод се огласи и Коцкар.
„Да, но не сакам да зборувам за тоа. Нема да го издавам. Ќе го задржам за себе. Но, го продавам имотот во Зрењанин заедно со ресторанот, па заинтересираните нека се јават“ порача Кија.