Радио Милева секогаш оригинална

За неа една е малку: Јелена Карлеуша накити дури четири елки (фото)

За неа една е малку: Јелена Карлеуша накити дури четири елки (фото)

Кога е бал, нека биде маскенбал! Јелена Карлеуша лани ја дочека Новата година со една елка, а сега нејзиниот дом го накити со четвори. Поточно во два домови. Во старата куќа украсила две елки, додека во новата има „само“ една. Во дворот има ирваси со сини светла, а на терасата уште еден украс кој наликува на елка.

„Немам чувство дека се ближи Нова година. Се чувствувам како да е март. Тоа не ме спречи да ги украсам двете куќи за празници (во втората живее Алфа, поголема е и поубава) и да потрошам непотребна сума пари, што ме нервира сега како и секоја година. Се’ на се’ празниците доаѓаат…“ напиша таа во објава на Инстаграм и во својата приказна покажа како ги украсила елките.

Популарната пејачка навистина не штедела на украсувањето. Раскошна, но и елегантна, во нејзин стил.

Во „старата“ куќа има две новогодишни елки една до друга кои се украсени само со светилки и изгледаат убаво кога ќе се изгаснат светлата во собата. До нив се црвени топчиња во улога на џиновски украси.

Централното дрво стои во дневната соба на новата куќа, соба во која доминира белата боја. Бели се и украсите на елката, заедно со големата ѕвезда одозгора.

Прозорците се украсени со препарирани елени, плишани мечиња, венци, а кога ќе погледнете низ прозорецот ќе ве шармира голем ирвас, веројатно наречен Рудолф, со сини светла. Терасата е исто така имагинативно уредена.

Вистинска зимска бајка во домот на Јелена Карлеуша, на која, освен пејачката, секако најмногу се радуваат и нејзините ќерки Атина и Ника.

фото:Instagram printscreen/ karleusastar

To top