Радио Милева убавината не смее да трпи

За Накова природното одамна е „аут“, па веќе и малите несовршености ги решава со игла (фото)

За Накова природното одамна е „аут“, па веќе и малите несовршености ги решава со игла (фото)

Сигурно е дека природната женска убавина многу брзо почна да станува ратитет.

Најчесто гледаме коригирани женски лица, од зголемени усни, па се до поинванзивни визуелни фацијални измени. се оние кои се решени да го претпочитаат природното во ова естетски супериорно време, а меѓу дамите од јавниот живот веќе почнаат да се брајат на прсти.

Атрактивната гевгеличанка, модел и сопственичка на бутик, Александра Накова, ја претпочита корективната естетика, а со текот на годините доста се смени визуелно за што сведочат и фотографиите.

Но, Накова нема никаков проблем тоа јавно да го сподели и покаже. Денес со естетиката и козметиката речиси е возможно се’, а Накова дури и малите несовршености на лицето решава да ги среди со игла, односно филер.

Овој пат, избра таков за подочници на кои појасни дека е склона.

-Бидејќи сум склона на подочници, денес правевме третман пополнување и избелување на подочници со хујалуроски филер, појасни за наупатените.

Кога веќе има вакво брзо решение, не и требаат креми и разно разни споро ефектни третмани, резултатите се брзо видливи со ваква постапка, а таа убава и задоволна.

Александра постапката ја сподели на своите „стори“ на Инстаграм веројатно и како сугестија за сите оние кои ги преферираат ваквите третмани на модерното време за женската убавина.

фото:Инстаграм принтскрин/Александра Накова

To top