Кејт Мидлтон за посета на детската болница се појави во модна комбинација на „Долче и Габана“ која се состои од кратко здолниште.
Војвотката од Кембриџ на себе имаше кратко, но широко здолниште над колена.
Кога излезе од автомобилот, лондонскиот ветар силно дувна, а Кејт за малку ќе останела без здолништето.
Меѓутоа, војвотката успеала на време да го фато здолништето и да се заштити себеси од голема непријатност.
Сопругата на принцот Вилијам посети една работилница во една детска клиника во Лондон, а оваа прилика ја искористи за да поразговара со здравствените работници кои се грижат за најмалите. Сепак, најинтересен момент е кога Лук и неговата сестра Савана и подариле на војвотката венец од хартија, а таа им ветила дека ќе стави во собата на својата ќерка Шарлот.
Мидлтон за оваа прилика одбра и минимална шминка, а не ја криеше насмевката од своето лице.