ТВ водителката Снеже Велков секоја недела успава да ги стави емоциите и емтатијата на највисоко ниво кај гледачите преку својот нов телевизиски проект „Вип на еден ден“.
Емисијата се емитува еднаш неделно, а Снеже и нејзините соработници со голем професионализам успаваат да им го разувават секојдневието и физичкиот изглед на учесниците, а тоа тоа и душевниот и да им го споплат срцето.
Имено, водителката со помош на соработниците, им помага на сите оние што живеат во тешки услови и се загрозени како материјално така и на други социјални нивоа. Досега учествуваа повеќе дами кои по промената се видоа визуелно како друга личност во огледало.
Со учесникот посетуваат забар, офталмолог, лекар, одбираат нови обувки и облека… Подаруваат соодветни подароци од соработници, како патување во странство, а сите компании се третирани како општествено одговорни партнери.
На среќата и немаше крај и за учесничката од најновата емисија, а нејзината трансформацијата ја објави Снеже на својот Инстаграм профил – истата остава без зборови.
фото:инсатграм/снежевелков
Трансформација од која и ние останавме со отворена уста! Смеј се драга Бети!
Бети е од Битола и имаше желба колешките на работа повеќе да не и се потсмеваат зошто нема пари да се среди како жена… пишува Снеже во описот на фотографиите каде исто така им се заблагодари на соработниците кои помогнаа да ја променет и усреќат Елизабета Тошевска од Битола и нејзините три дечиња.
фото:инсатграм/снежевелков
Емисијата „Вип на еден ден“ уште еднаш израдува и го направи погледот кон секојдневието на учесничката онаков каков досега таа немала можност и прилика.