Лето е да, но за кого како. Додека едни се ограничени во своите домови, на тераса или без, други барем имаат двор и базени каде се разладуваат, трети на македонските езера и планини.
Но, секој според своите можности од ова ограничено лето 2020-то.
За ТВ водителката Лила Филиповска почетокот на јули не може да помине без плажа, сонце и море, можеби не на толку атрактивна дестинација како што има пракса, но сепак на море, барем онаму каде мерките поради пандемијата дозволуваат кога е во прашање преминување на границите.

Изборот на Лила е Албанија од каде на Инстаграм бомбардира со фотографии од својот летен рај.

Од изгрејсонце до зајдисонце!

Од појадок до вечера, од разладување во море, па во базен!

Од сончње на плажа, коктел на тераса и уживање на зајдисонцето, па на ноќно капење.
Лила овој пат како да сакаше да остане мистериозна кога е во прашање кој и прави друштво и ја фотографира, како и изборот на дестинацијата. Следбениците прашаа каде се наоѓа, а таа не им даде одговор.
Сепак, оние кои веројатно го искусиле ова место, открија кој е летниот избор на Лила, барем заесега ова лето, а за до крајот ќе видиме…