Промотер

За Игор Андреевски таа е лек за душата – „Илина, најмила“ (ВИДЕО)

За Игор Андреевски таа е лек за душата – „Илина, најмила“ (ВИДЕО)

Фолк пејачот Игор Андреевски го промовираше видеозаписот за песната „Илина, најмила”. Како што истакна во гостувањето во естрадниот ТВ магазин Естрада плус, станува збор за доста убава песна во ориентален ритам која е дело на Златко Миладиноски. Видео пак го изработи ИН Продукција.

„Песната е комплетно дело на Златко Миладиноски, музиката, текстот и аранжманот се негови, а јас сум само изведувач на таа убава песна. Ние соработуваме со Златко и ете така спонтано се случи песната, која што се надевам дека звучи  убаво. Сепак слушателите и  гледачите откако премиерно ќе ја слушнат, ќе оценат дали ќе им се допадне? Јас сум препознатлив по стилот кој е близок до изворниот,а таква е и оваа песна. Гледачите и слушателите  имаат можност да уживаат во еден брз, жив, ориентален ритам. Ќе ја опееме Илина, за некого сакана мајка, ќерка, внука, девојка...“  -вели Игор.

Младиот пејач додава дека секогаш треба да се твори нова музика, односно да и се подарат нови песни на публиката. Затоа тој и понатаму ќе продолжи со интензивна работа и подготовка на нов материјал.

Во продолжение погледнете го видеозаписот за „Илина, најмила”!

To top