Радио Милева

За Елена Велевска годините се само бројка: Фолкерката славеше јубилеј – еве колку наполни

За Елена Велевска годините се само бројка: Фолкерката славеше јубилеј – еве колку наполни
фото: принтскрин/инстаграм/еленавелевска

За многу жени годините се само бројка, а со текот на времето тие стануваат се позгодни, поубави, поривлични.

Иако се вели дека дамите не се прашуваат за годините,  ретко ќе слушнете некоја припадничка на понежниот пол која како од пушка го изговара бројот на летата кои ги изживеала.

Тоа не е случај со некои од јавните личности кои јавно ги кажуваат своите години, а меѓу нив и македонската пејачка Елена Велевска.

фото: Принтскрин/инстаграм/еленавелевкса

Фолкерката славеше роденден, па како и досега таа откри колку години наполнила.

Имено, таа славеше јубилеј односно наполни 40 години и е на прагот од петатта деценија од својот живот.

По тој повод се огласи на социјалните мрежи и напиша:

“До овој ден Бог ми дал сѐ што може една жена да посака и да биде реализирана.И не би била ни јас ова да не бевте и вие дел од мојот живот.Ви благодарам што постоите,што секогаш бевте мој најголем мотив,така нека остане и после овој јубилеј.Ве сакам со цело срце“.

фото: фејсбук/еленавелевска

Велевска се пофали  и со роденденската  трпеза на која има торта со нејзините инцијали и бројот 40, како и мафини.

фото: фејсбук/еленавелевска

Таа доби бројни честитки од нејзните ФБ пријатели, колеги, соработници, следбеници, а меѓу честитките се најде и онаа на нејзината колешка Сузана Гавазова.

„Среќен роденден Еленче, да си жива и здрава“, напиша Гавазова покрај заедничката фотографија.

фото: инстаграм/сузана гавазова

Среќен роденден и само радосни моменти.

Останати вести од Радио Милева