Радио Милева

За добро утро: Снеже Велков е во топ форма од сабајле (фото)

За добро утро: Снеже Велков е во топ форма од сабајле (фото)

„Кога се сака, се’ се може“ е тезата по која изгледа се води македонската водителка и финтес инструкторка, Снеже Велков.

Снеже ако не ја гледате пред ТВ камерите каде што ја води емисијата „ВИП на еден ден“, може да ја видите во сала каде вежба.

Иако поради повредата на коленото малку паузираше од вежбањето, тоа не ја спречи по некое време да се врати на својата „стара љубов“ и да биде во топ форма.

Меѓутоа, иако моментално поради ситуацијата Велков не вежба во теретана, таа си најде алтернатива.

Имено, фитнес инструкторката вежба на отворено небо.

На Снеже понеделнички и тргна со вежбање покрај езеро во раните утрински часови.

Таа во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографии на кои покажа како го започнува утрото, а ако денот по утрото се познава….Снеже е во добра форма.

фото: Принтскрин/инстаграм/снежевелков

 

Освен што вежба, Велков ужива и во убавините на туристичкиот бисер, па направи една фотосесија истакнувајќи дека иако оваа фотосесија можела да биде во друга држава, нејзината насмевка е иста бидејќи доаѓа од внатре.

-Дали посакував овие фотографии да беа од некоја друга земја во која планирав да отпатувам летово?-ДА!
-Дали посакував да бидам во друштво со пријателите без дистанца и протоколи?-ДА!
-Дали посакував моите возрасни родители наместо на сигурно во село да беа со своите внуци на плажа?-ДА!
-А дали мојата насмевка и радоста со која зрачат фотографиите ќе беше поинаква?
-НЕ! Затоа што убавото чувство доаѓа од внатре,среќата и радоста се состојба на умот. Затоа Блескај каде и да си,убавите денови допрва доаѓаат“ напиша во описот на фотографиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze) on

Снеже блеска, блескајте и вие. Во здраво тело, здраво дух, а Велков може да послужи како пример на многумина.

To top