Радио Милева наследник?

Вук тргна по стапките на татко му, па нагло смени правец: Синот на Тијана требаше да стане несуден кошаркар, а сега плива во водите во кои е целото семејство на неговата мајка – светот на музиката! (ФОТО)

Вук тргна по стапките на татко му, па нагло смени правец: Синот на Тијана требаше да стане несуден кошаркар, а сега плива во водите во кои е целото семејство на неговата мајка – светот на музиката! (ФОТО)

Вук, синот единец на македонската пејачка и од пред некое време актерка Тијана Дапчевиќ неодамна наполни 14 години. Откако заврши основно училиште и славеше полуматура, „малиот двометраш“  на општо изненадување на јавноста се запиша во средното музичко училиште иако до пред три години Вук тргана по стапките на татко му -0 во светот на спортот. Строен на татко му Милан, а Бога ми и на мајка му Тијана кога е височината во прашање, Вук реши своите природни предиспозиции да ги искористи.

Така, малиот Дапчевиќ почна да тренира кошарка, спорт по кој Србија е светски прочуена  велесила, а и Македонија дала неколку големи европски, па и светски ѕвезди… Од Буштур, преку Наумовски  до Антиќ… Така Вук тогаш стана член на кошаркарската школа на едена исто така голема некогашна кошаркарска ѕвезда на КК Партизан и тогашната ЈУ репрезентација, бившиот центар Жељко Ребрача кој сега има своја кошаркарска академија во Белград.

„Вук тргна во нова кошаркарска авантура во @akademijarebraca, која е дел од @star_wellness_sport . Среќно сине, затоа што ќе научиш многу од чичко Жељко (и сите тренери што се на академијата)“ – напиша пејачката во пораката покрај заедничката фотографија со синот и кошаркарската легенда.

Арно ама, само три години подоцна очигледно ништо од кошарката, па синот на Тијана наместо несудена идна кошаркарска ѕвезда,  сега плива во водите во кои цел живот успешно плива семејство на неговата мајка – светот на музиката!

Но ова не е само нов почеток во едукацијата, зашто Вук последниве години, како што ќе изјави неодамна неговата мајка, е опседнат со музиката:

„Сè што го интересира во моментов е музиката и нејзиното создавање, дури се пронајде во сосема нов жанр, а тоа е „фонк“ музиката, некоја електроника е во прашање. Во главно  целата негова генерација најмногу се занимава со тоа и Вук доби многу фанови. Заврши нижо музичко школо, иако до сега навистина не бил љубител на клавирот, тоа не значи дека тоа нема да се промени кога ќе се запише во средното музичко училиште“.

Наследникот на пејачката решил неговиот повик во животот да биде музиката, но во сосема поинаков правец од она што го изведува Тијана.

„Тој е заинтересиран за музика, за што сум многу среќна и од клучно значење ми е да знае што сака и што сака да прави на млада возраст. Тој е заинтересиран за продукција, има свој профил на „Спотифај“, каде ја презентира својата музика и има свои обожаватели, поточно над милион слушатели“ – ијави гордата мама за Гранд.

Тијана признава дека Вук веќе има постигнато забележителни резултати и гордо истакнува дека наскоро ќе се појави на меѓународен фестивал.

„Сега оди на некој фестивал, а бидејќи е малолетен, мама и тато одат во Амстердам со него на фестивалот за фонк музика што ја прави. Тој е исклучително популарен во круговите на таа музика. Јас сум горда мајка“ – ќе додаде таа.

Тијана и Тамара, покрај Тања и Лидија Кочовски се двете веројатно најпознати сестри во македонскиот естраден шоубизнис. Обете јавни личности, поп пејачки,  естрадни ѕвезди со несомнени вокални квалитети за кои нема кој не слушнал.

Потекнуваат од музичко семејство продолжувајќи го патот на нивните родители, мама Бранка-некогаш позната македонска пејачка и тато Велко-професор по музика во пензија на Музичката Академија во Скопје. Тогаш нема причина зошто Вук не би ја продолжил семејната лоза?

Само што тој по се изгледа повеќе би сакал да биде како Дарко Димитров, отколку како баба, дедо, мама или тета?!

Фото: Инстаграм/tijana.dapcevic

To top